По повод 20 Ноември-Светскиот ден на детето, учениците од ООУ,,25 Мај “-Ченто, ООУ ,,Гоце Делчев”-Центар и децата на вработените во Министерството го посетија Министерството за правда и се запознаа со начинот на работа и функционирањето на оваа институција.
-Министерот за правда Кренар Лога ги прими децата во својот кабинет, им даде подароци и ги слушна нивните желби и потреби. Им порача дека не треба да бидат пасивни туку активни во општеството. Да дебатираат меѓу себе, да кажат кога не се согласуваат, да имаат емпатија и да бидат солидарни, информираат од МП.
Децата се интересираа за правдата, нивните права и обврски, како и за многу интересни теми поврзани со правниот систем.
-За да се обезбеди подобра заштита на децата неопходно е заедничко дејствување на сите надлежни институции како и преземање на обврските и одговорностите кои се предвидени во Конвенцијата за правата на детето. Детето секогаш може да ги научи возрасните на три работи: да бидат среќни без причина, секогаш да бидат зафатени со нешто и да знаат како со своите сили да го бараат она што го сакаат, се вели во соопштението на МП
Фотографиите се објавени со согласност на родителите.