Некогашниот новинар и главен уредник на неколку дневни весници, а сега генерален секретар на партијата Демократски сојуз, Зоран Димитровски во неговото гостување на радиото „Лидер“ ги критикуваше новинарите кои во текот на својата кариера станале портпароли, заборавајќи дека и самиот своевремено од новинар влезе во политиката за да стане заменик-министер.
- „Зошто после тоа повеќе од новинарите сакаа да станат портпароли? Затоа што видоа дека на некој начин да се биде близок со власта е една парадигма во оваа област на новинарството отколку да се биде вистински коректор. Не ја сфатија сериозно таа улога на новинарите како коректор“ рече Димитровски.
Она што изненадува и чуди е фактот дека своите колеги ги критикува поранешниот новинар и главен и одговорен уредник на „Дневник“, „Нова Македонија“ и „Вечер“, кој влезе во политиката за да стане генерален секретар на партија и заменик-министер.
Паѓаат во вода сите обвинувања дека со станувањето портпароли новинарите не се веќе коректори на власта, туку блиски со неа, кога таквите доаѓаат од од човек кој се откажа од улогата на новинар за да стане генерален секретар на партијата на Павле Трајанов.