Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека тротоарот што минува под Стоковната куќа „Мост“ и плоштадот „Скендер бег“ е небезбеден и истиот нема ограда, а по него се движат многу пешаци, велосипедисти, со електрични тротинети и скутери.
-Од тие причини ЦУК се обрати до Град Скопје со барање да се постави заштитна ограда кон улицата, на ивицата од овој тротоар, што на некои места е повисоко повеќе од два метра во однос на коловозната лента. Извесно време подоцна градот Скопје не извести дека е поставена огрда на тротоарот од двете страни на булеварот под Стоковната куќа „Мост“ и плоштадот „Скендер бег“. Оваа ограда е безбедна, ја гарантира безбедноста на граѓаните кои минуваат овде, без разлика дали се пешаци, велосипедисти или управуваат електрични тротинети или скутери, вели во видео-изјавата Ангелов.
Тој потсети дека сѐ уште се чека решение за малиот пешачки остров за бул. „Србија“ во Општина Аеродром, како и решение за напукнатото стакло на „Мостот Око“.