Полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода вчера лишиле од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана, соопштија од МВР.
Во присуство на родител, адвокат и инспектор, со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото.
За случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.