Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од УХМР известуваат дека од денеска под влијание на нов влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Наместа ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Денеска и во сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.