„40 години со Нино,песни, љубов и вино“, ова беше мотото на коцертот на Нино Величковски (69), кој се одржа вчера вечерта во Центарот за култура во Куманово, каде ја прослави 40-годишнината од неговата кариера.
Концертот беше, што би рекол тој, „на нивоу“, а и не можеше да биде поразличен од она што значи Нино и како пејач и како човек полн со хумор.
Тка беше и на концертот, малку песна, малку хумор, малку сеќавање на се она што го сработил за овие 40 години, а за два ипол часа го претстави пред публиката од сите генерации, но и пред гостите од странство.
а Нино во Куманово е се и батко Георгија и боем и „певач“ и „глумац“. Па така како „глумац“ го почна концертот со автобиогравска рецитација, како во стилот на Митке од „Коштана“.
На концертот се слушнаа „Кажи ми Лено душо“, „Тамбурите на Шојиќ“, „Бабино девојче“, „Уште еднаш“, „Свирете ми тамбури“ и многу други што отеани во живот, што претставени на видео бим.
Водител беше актерот Горан Илиќ, дополнително, како што вели Нино, „угоѓајот“ го збогатија неговите колеги и пријатели Виолета Томовска, Маргица Антевска, Наум Петрески, Перо Христов, Александар и Дац и групите „Боеми“ од Битола, потоа „Наши тамбураши“ од Куманово, „Табиет“ од Свети Николе и на крајот октетот „Куманово“.
Концертот го заврши со „За многу години Македонци“ заедно со публиката, која од подот го поздрави и му додели словенска награда за неговата работа.
А по завршување на концертот Нино во негов стил рече:
-Четири банке ама идев накуде пет. Имам 10тина години горско појање, тој сам се набилдаја како певач, а пропоја у театар. Осеќам се значајно, без све шале. Зашто? Голема моја љубов беше театарот а тате се радуеше да не ме примив. И кд не ме примива на академију утепа се плакајќи. И ја разочаран запиша социологију. И не појде тамо и осле три-четири факултета дипломира на 58 години соло певање и додаде:
„Осеќам се много значајно, виде колко имам линк сас публику. Рецитацијата беше за мој живот, има ме у тај дел“, рече Нино на кумановски, а потоа продолжи:
„Јас како роден кумановец чувствувам вознес и позитивна трема. Сè уште имам позитивен страв од сцената иако зад себе имам огромен музичка бакаж. Но попаметни кажале дека е најтешко да се успее во свој град. Голем предизвик за мене од многу причини. Сега имам уште поголем потив и признание. Имам штедна книшка за мојата работа.
Па кариерата ја започнав на 29 години, но имав време да се докажам. Бик сум во хороскоп и „упорит“ сум. Со песната „Девојчето на Баба“ на Валандовскиот фолк фестивал во 1988 година, ширум ми се отворија вратите на македонската естрада и продолжуваме понатаму. Предизвик за мене ќе биде да направам ваков концерт за скопската публика, со звукот на тамбурата и елементи на театарот, можеби во Македонската филхармонија“, изјави Нино.
На концертот Нино ги доби наградите од најпрепознатливите европски и балкански здруженија на тамбураши, а беше награден и на неговите колеги од Нови Сад и Бања Лука. За промоција на Куманово доби статуетка од градоначалникот на Куманово.
-Не е од глина, модерна е, му рече Максим Димитриевски на сцена.
Весна Миленковска
Фото: Вангел Тануровски