Актерот Метју Пери, кој почина во саботата на 54-годишна возраст, беше погребан во петокот на гробишта во Лос Анџелес во присуство на роднини и актери од хит серијата „Пријатели“, објавија медиумите.
Ожалостените се собраа на гробиштата Форест Лон во населбата Холивуд Хилс во Лос Анџелес, недалеку од студиото „Ворнер брадерс“ каде се снимаше шоуто.
Тоа е, исто така, последното место за одмор на бројни холивудски познати личности, вклучувајќи ги Мајкл Џексон, Лусил Бол и Елизабет Тејлор.
Сите пет соработници на „Пријатели“ – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер – беа на погребот, објави ТМЗ.
Пeејџ Сикс известува дека таткото на Пери, Џон Бенет Пери, и неговиот очув, Кит Морисон, исто така биле таму.
Вкупно на последното збогување присуствувале околу 20 луѓе облечени во црно, пренесува ТМЗ.
Смртта на Пери дојде една година по објавувањето на неговите мемоари „Пријатели, љубовници и големата лоша работа“, во кои тој ја опиша својата повеќедецениска борба со зависноста од лекови против болки и алкохол.
Во петокот, во името на Пери беше основана фондација за поддршка на луѓето кои се борат со зависноста.