Европската комисија објави дека ја одобрила третата подобрена вакцина против Ковид, произведена од Новавакс. Вакцината дека се препорачува лицата над 12 години – само една доза, без разлика дали претходно биле имунизирани.
Комисијата појаснува дека настојува да обезбеди вакцини прилагодени на новите соеви на вирусот Ковид за оние за кои се препорачува имунизација. Станува збор за лица со слаб имунитет, постари лица над 65 години, трудници и здравствени работници. МИА