Човек кој живеел на бродовите за крстарење на Royal Caribbean 23 години открил чуден несакан ефект што го развил откако стапнал на брегот, пренесува Unilad.com.
Марио Салкедо првпат започнал да живее на бродовите за крстарење во 2000 година, откако ја напуштил својата корпоративна улога како меѓународен финансиски директор за мултинационална корпорација на копното на САД, пренесува курир.рс.
Освен некои мали паузи од 15 дена во годината и 15-месечна пауза за време на пандемијата на коронавирус, тој живеел на море 20 и повеќе години. Сепак, љубовта на Марио за крстарење – патник со прекар „Супер Марио“ – го наруши неговото здравје и тој сега доживува навистина бизарен физички несакан ефект.
Излегува дека човечкото тело веројатно не е најдобро создадено за да се биде на брод повеќе од 20 години.
Како резултат на поминати над 9.000 ноќевања до 2022 година – на бродови за крстарење, Марио кажа на Conde Nast Traveler во 2016 година дека неговите стапала сега не се прилагодуваат премногу добро во ретките прилики кога стапнува на копно.
Тој откри:
-Ги изгубив копнените нозе, па кога толку се нишам не можам да одам праволиниски.
Во интервју за All Things Cruise, Марио додал:
-Толку сум навикнат да бидам на бродови што ми е поудобно отколку на копно.
Трошоците за живот во бродот се зголемени, Марио му рекол на Зингано дека плаќа 82.000 долари годишно за да живее во внатрешна кабина на крстарењата на Ројал Карибите.