Се случила тепачка во ноќен клуб во Скопје во која „актери“ биле двајца бивши на манекенката Катарина Иванова, односно поранешниот партнер Цобе и бившиот дечко, кошаркарот Перо Антиќ, пишува 24инфо.
Според порталот, летале чаши и „флаши“, по што Антиќ бил избркан од клубот.
ММС го побара Антиќ за потврда, кој пак, веднаш рече: „Има камери, нека се види дали имало тепачка. Се знае како изгледа тепачка. А секој човек кога ќе биде нападнат има право да се брани“.
Според него тепачка немало и никогаш не бил избркан од клуб.
-Ниту ме избркал некој од клуб ниту ќе може да ме избрка, тоа е место каде што може секој да отиде и да потроши пари. А смешно е за кликови што се прави. Не сакам веке никогаш да коментирам ниту за дотичниот човек, ниту, пак, за дотичната жена, не ме интересираат, ниту го познавам. Навистина не ме интересираат, што сакаат нека прават во животот. Не сакам да ме поврзуваат со тие две личности, јас си имам доволно свои обврски. А за тепачка? Мислам дека сме многу стари за такво нешто, рече Антиќ за ММС и додаде:
-Не сакам веќе да коментирам и да давам причини да ме има по медиуму. Нека пораснат и тие новинари што го пишуваат ова. Јас имав гости од странство, каде сум почесен конзул и не сакам вакви работи да се случуваат, бидејќи проблеми се решаваат на друг начин. Имам јавна функција и не сакам малолетни деца да ме читаат и да ме спојуваат со секти, рече тој за ММС.
На крајот додаде:
-Јас сум заљубен, среќен сум во врка и не сакам да ме спојуваат со вакви луѓе. Нека си ја најдат среќата и тие, вели Антиќ.
(В.М.)