Никол Вајман Арел, била сведок на масакрот што го изврши Роберт Кард (40) во две престрелки во Левистон, Мејн синоќа, при што загинаа 22 лица, а беа повредени околу 60 лица, рече дека видела „дефинитивно повеќе од десетина“ луѓе како бегаат од кугланата.
Арел изјавила за Си-Ен-Ен дека видела како полицијата ги теши луѓето кои ја напуштиле кугланата.
Арел видела лице кое „имало крв насекаде“.
-Сè ми е магливо. Не можев баш да обрнам внимание на деталите – изјавила таа.
На местото на пукањето видела деца кои биле со нивните семејства.
-Тоа беше најтешко да се види, сите тие семејства што бегаа од таму знаејќи што се случи таму, а се што сакаа беше да ја поминат вечерта со своето семејство – изјави Арел за Си-Ен-Ен.
Со неа била и нејзината ќерка и заедно ги гледале тие сцени.
Victim of shooting scene at Sparetime in Lewiston, Maine being placed into the back of an ambulance (📹: Nichoel Wyman Arel) https://t.co/XiyyskUcbt pic.twitter.com/n1LSLBDLAe
— Mike Saccone (@mikesacconetv) October 26, 2023
-Дефинитивно беше исплашена. Почна да плаче и рече „Овој свет во кој живееме е страшен“ – рекла Арел и додала дека на ќерката и одговорила само со „Знам“.