Една девојка вчера половина час после полноќ ја натепала пејачката Елена Ристеска во ноќениот клуб „Интермецо“ во Скопје, информира порталот скопје1.мк. Пејачката ја пријавила во полиција.
Од МВР за ММС потврдија дека имало женска тепачка во скопски клуб.
-Денеска (23.10.2023) во 02.30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(37) од Скопје пријавила дека околу во 00.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е.Т.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот,информираат од МВР.