младиот Огнен Здравковски по се изгледа е највредниот пејач во моментов на македонската музичка сцена.
Ако пред само еден месец ја објави песната на српски јазик „Километрима“, за која снимаше спот во далечниот Египет, младата музичка ѕвезда пред два дена го заврши снимањето на најновиот видеоспот за новата песна „Порок“, со која ќе учествува на овогодинешниот „Макфест“.
Спотот за „Километрима“ се снимаше во Египет, а Здравковски и неговиот тим овојпат решија новото видео да го снимаат во српската престолнина и тоа со едни од најдобрите – „Sneak Media“.
„Снимањето помина одлично, иако беше напорно. Снимавме во раните утрински часови, со оглед на тоа дека тогаш улиците во Белград се празни. Јас сум задоволен како ќе изгледа спотот. А, кога се работи за песната, веќе добивам пофалби дека им се допаѓа на луѓето и тоа ме прави среќен“ – вели Здравковски.
Во спотот покрај Огнен се појавува и преубавата Андреја Милутиновиќ, а кадрите се снимени на улиците во Белград…
Инаку песната „Порок“, со која Огнен ќе учествува на „Макфест“ (21-ви октомври) е дело на Дамјан Лазаров, кој се потпишува како автор на музиката и аранжманот, додека пак текстот е на Елвир Мекиќ.
Премиера на спотот е закажана на 23-ти октомври (среда) на сите музички платформи, како и на сите социјални мрежи.