Маж уби наставник и рани уште најмалку две лица во средно училиште во Арас, Франција утрово, пишува Ле Парисиен.
Според француските медиуми, напаѓачот влегол во училиштето во близина на Лил извикувајќи „Алах Акбар“. Полицијата веднаш по нападот го привела.
Во нападот се ранети уште двајца наставници, од кои едниот критично.
Францускиот канал BFMTV објави дека братот на напаѓачот исто така е уапсен од полицијата.
Каналот објави дека убиениот е наставник по француски јазик, додека еден наставник по спорт исто така бил избоден и повреден.
Локалните медиуми објавија дека напаѓачот бил поранешен ученик во училиштето.
Полицијата соопшти дека ситуацијата сега е под контрола.