Амит Ман, 22-годишна израелска болничарка, ги поминала последните часови во саботата криејќи се во медицинска установа во кибуц Бери со раскрвавени тела и жртви. За тоа време таа се обидувала да им помогне на ранетите во клиниката што ја презеле борците на Хамас, пренесува мондо.рс.
Медицинската сестра се допишувала со нејзините сестри Хавива Исаксон и Лиор додека Хамас се приближувал до клиниката, објави израелскиот весник Ynet, цитирајќи го nypost.com. Таа упорно барала да биде информирана каде се наоѓаат борците и молела за помош. Таа напишала и дека цело време се слушало пукање.
Таа изјавила и дека има многу повредени, но дека нема начин да се евакуираат. Се чини дека има се повеќе терористи, упаѓаат во куќите на луѓето, погодени се и наши војници“, напишала Амит.
Лиор се обидела да ја охрабри својата сестра, велејќи и да не губи надеж и да чека војската да дојде и да ја ослободи опколената клиника.
“Тоа е војна и ние ќе победиме – ние сме посилни. Фокусирајте се да се грижите за себе. Наскоро ќе биде готово”, напишала нејзината сестра.
Амит накратко одговорила дека ја сака и и се заблагодарила. Во посебна порака до нејзината друга сестра Хавива, Ман напишала дека се криела во кујната на клиниката вооружена со нож додека напаѓачите не ја преземале контролата врз местото.
“Тие се тука, тие се на клиника. Не верувам дека ќе излезам одовде. Ве молам бидете силни ако нешто ми се случи”, напишал Амит.
Во последните моменти Ман успеала да го повика семејството на телефон, на кој се слушала како плаче додека се слушал звукот на пукотницата. „Ми пукаа во нозете!“, извикала таа.
Нејзиното тело беше пронајдено во понеделникот заедно со уште најмалку 107 тела во кибуцот.