Поранешен началник на полицијата во Лос Анџелес им подлегна на повредите со кои се здоби кога група маскирани тинејџери намерно го удриле со автомобил додека тој се возел со својот велосипед.
Андреас Пробст (64) штотуку го започнувал своето вообичаено утринско возење велосипед низ улиците на Лас Вегас, кога го удрил автомобил со голема брзина. Веднаш по инцидентот полицијата го уапсила возачот (17), а неодамна уште еден тинејџер кој наводно ја снимал несреќата.
И двајцата сега се соочуваат со обвиненија за убиство.
Полицијата во Лас Вегас ги поврза тинејџерите со најмалку три сообраќајни инциденти на тој кобен 14 август. Најпрво со возило удриле маж (72) на велосипед кој не бил повреден, а потоа и поранешниот началник на полицијата.
-Подготвен – на видеото се слуша како еден од тинејџерите го прашува другиот.
-Да, да, да, удри – вели друг тинејџер додека неговиот пријател свртува на велосипедската патека и го фрла Пробст на шофершајбната на возилото.
-По ѓаволите, го нокаутиравме, мора да побегнеме одовде – вели панично возачот.
Последната снимка го покажува Пробст на земја покрај тротоарот додека тинејџерите се оддалечуваат смеејќи се. Поранешниот началник на полицијата бил итно пренесен во болница каде за жал починал.
Заменик-началникот на полицијата Ник Фарес рече дека тинејџерите претходно го украле возилото и видеото го нарече „ужасен“ и „кукавички“ чин. Ќерката на Пробст, Тејлор, рече дека семејството е уништено од „бесмисленото убиство“ на нејзиниот татко.
Сега се појави неверојатно видео на кое можете да го слушнете како вика 911 на својот часовник.
На аудио снимката, која ја објави порталот ТМЗ, може да се слушне како часовникот на 64-годишниот Андреас Пробст, поточно неговиот “Apple Watch”, го известува операторот на итната помош на телефонскиот број 911 дека тој претрпел тежок пад и не реагира, пренесува курир.рс.