Сезоната на свадби сѐ уште трае, а термините во рестораните се закажани и за октомври. Токму една невеста чија свадба е закажана за октомври предизвика лавина реакции во своето друштво бидејќи со поканата, на гостите им ја „сервирала и приказната“ за тоа која е минималната сума која би требало да ја остават како подарок во плик.
„Пред две недели, невестата и младоженецот започнале со делење на поканите, но нивното друштво, па и нивните роднини за оваа веселба зборуваат со месеци однапред. Невестата уште од самиот почеток нагласуваше дека свадбата ќе биде во луксузен ресторан во Белград кој чини многу пари, се фалеше дека ќе купи прескапа венчаница и дека ќе ја има најскапата декорција. Бидејќи се знаеме од мали, знаев дека таа сака сѐ да биде скапо и квалитетно, но не знаев дека прави свадба за да има добивка, а не среќа“, раскажала за српските другарка до средношколските денови на неветата.
Додека пак, нејзина колешка од факултет изјавила:
„Мене сето тоа ми пречеше бидејќи не е важно дали е нешто скапо или не, важно е тој ден да биде посебен и за младенците и за нивните семејства. Последното нешто за кое би требало да размислуваат пред свадбата, е токму тоа колку пари ќе остават гостите во ковертот“.
Според неа, неветата уште на почетокот нагласила колку чини порцијата.
„Таа сподели дека порцијата по лице чини 70 евра. Јас разбирам дека ова е Белград и дека тоа е нивен избор, но зошто гостите треба да знаат колку чини нивното место. Набргу потоа и дознавме. Таа нѐ собра нас, неколку другарки и колешки за да славиме моминска вечер и ни подели покани на сите. Се гледаше дека е среќна и задоволна. Јас се изненадив што и јас бев повикана бидејќи се знаевме од факултет, но никогаш не бевме претерано блиски. Сепак, ми беше драго и одлучив да одам на свадба. Бев среќна што успеала да се вработи, но и да најде човек со кој ќе создаде семејство. Во приказната некако се вметна и темата за подарокот и рече дека е нормално сите да донесат пари како подарок. Нагласи дека таа не сака да се води според логиката на луѓето кои сметаат дека треба да оставар пари толку колку што чини порцијата, како и дека тие планираат да бидат во плус“, раскажала колешката на невестата.
„Ако моето мени чини 70 евра, мислам дека не би било убаво некој да донесе само 70. Треба да има околу сто евра внатре“, изјавила невестата.
Нејзината колешка истакнала дека таа во моментот е невработена, но дека сакала да ја испочитува невестата.
„Со оглед на тоа дека не сме многу блиски, јас мислев да ставам 50 евра. Одам сама на таа свадба и мислам дека би било коректно од моја страна, но по овие нејзини реченици мене ми беше срам. Нема шанси да ставам сто евра. Ќе ставев доколку бевме поблиски, но вака навистина не знам. Се плашам дека ќе ме озборува по свадбата, но слушнав дека и другите колешки биле шокирани и ги коментирале нејзиниот став. Навистина е срамно така да се однесува пред свадбата“, посочила колешката.