Секогаш беше јасно дека во ВМРО-ДПМНЕ победува оној што го има печатот, значи сега печатот го има Мицкоски и неговата победа е повеќе од јасна, рече Виктор Грозданов, колумнист и аналитичар во најновото издание на емисијата “ Стадион “ на Канал 77.
- Сега се поставува прашањето кој е тој што во континуитет барал помош од Никола Груевски, кој е тој што во континуитет го оговарал Христијан Мицкоски, внатре од партијата дека не го бива и не знае, за Груевски да почне да се вмешува во внатрепартиските односи. Она што го знам е дека имал неколкудневен телефонски разговор со одреден градоначалник, барем така зборат они од внатре, вели Грозданов.
Запрашан зошто влегоа во конфликт актуелниот и некогашниот лидер на најголемата опозициска партија Грозданов со став дека желбата за лидерство е најпресудна.
- Лидерот секогаш сака да биде лидер, сам да води, затоа се вика лидер не се вика централно претседателство, е сега дали господинот Груевски имал јавувања до соодветни личности ние не го знаеме, они тврдат дека е тоа така, а дека сите негови поранешни пријатели кои што профитираа од Груевски дека се јавија и го нападнаа жестоко, тоа е факт, додава Грозданов.
Тој истакнува дека очигледна е желбата на Груевски да се врати или барем да има влијание во партијата, но уште поочигледна е победата на Мицкоски во оваа внатрепартиска битка, едноставно членовите на партијата само се приклонуваат кон победникот.
Повеќе слушајте во најновото издание на емисијата “ Стадион “ на Канал 77.