Притисоците на Македонците во Албанија на пописот да се пишат Бугари не престанува. По бугарскиот амбасадор во Албанија, кој дели подароци и донации и ги убедива Македонците да станат Бугари, се јави и Виктор Стојанов, претседателот на бугарската фондација „Македонија“, кој им се закани дека ако не се пишат Бугари ќе им бидат одземени бугарските пасоши.
Тој на својот Фејсбук профил напиша:
„До сите жители на општина Пустец, Албанија: Ако сега на пописот не се регистрирате како етнички Бугари, бугарското државјанство ќе ви биде повлечено што е можно поскоро, а доколку сте во процес – вашите процедури веднаш ќе бидат прекинати. Веќе имаме еден таков случај“, напиша на својот фејсбук профил Стојанов.
Но, не е само овој статус посветен на Македонците во Албанија, тој на Фејсбук постира објави во кои ги убедува да се изјаснат за Бугари, а за мајчин јазик бугарскиот.