Обвинителката Фатиме Фетаи и нејзиниот колега Сашо Рајчев пред членовите на дисциплинската комисија неделава ќе одговараат по сомневањата дека соработувале со Марјан Стаменковски, осудениот сопственик на порталот „Доказ“. Со давањето материјали од истражни постапки и сознанија што ги имале на Стаменковски, кој потоа ги објавувал на својот портал и клеветел повеќе јавни личности.
Според пишувањето на Алмакос, на 15 септември дисциплинската комисија ќе ги разгледува предлозите за дисциплинска постапка против двајца обвинители Фатима Фетаи и Сашо Рајчев. Фетаи ќе биде испитана за соработката со Стаменковски, додека Рајчев за непрофесионално однесување. За двата случаи се доставени докази кои мора да ги оцени Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност.
Како што пишува Алмакос, во Основниот суд Скопје тужба за клевета поднел и шефот на Вишото обвинителство на Скопје, Мустафа Хајрулахи за пишувањата на порталот „Доказ“. Обвинителството ќе испитува дали неговите колеги сториле злоупотреба на службената положба и овластување или злоупотреба на лични податоци, дела за кои ги пријавил.
извор: Алмакос