Поради громорозните случувања на Клиника за онкологија утре со почеток од 18 часот ќе се одржи протест пред Владата, се вели во објавата на Фејсбук.
-Дојдете заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе повикаме на оставка и одговорност од сите министри за здравство! Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години. Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен, се вели во објавата.
Тие велат:
-Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!
1. Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.
2. Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева.
3. Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.
4. Бараме одговорност од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат Нухи