Нема повредени патници, откако претпладнето во 11.25 часот се запалил автобус, кој сообраќал на релацијата Скопје – Охрид.
На бесплатниот број 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус по што операторот ги известил МВР – СВР Тетово и Територијалната противпожарна служба во Гостивар.
Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус. Нема ниту еден повреден патник.
Во тек е увид од увидна екипа на МВР. Сообраќајот се одвива нормално.
фото: Архива