Командантот Антон Јелизаров, познат по прекарот Лотус, е избран за нов водач на руската паравоена формација Вагнер, по смртта на претходниот водач и основач на таа група, Евгениј Пригожин.
Како што пренесува британски Експрес, новиот газда на Вагнер учествувал во некои од најжестоките битки во војната во Украина и одиграл водечка улога во освојувањето на градот Соледар во источна Украина.
Експрес наведува дека во рамките на групата Вагнер, Јелизаров е познат како „освојувачот на Соледар“, прекар што наводно му го дал Пригожин.
Британскиот весник наведува и дека бил близок со Пригожин, кој неодамна загина во авионска несреќа во близина на Москва. МИА