Индија денес испиша историја. Вселенското летало Чандрајан-3 успешно слета во близина на јужниот пол на Месечината, објави нова.рс.
Така Индија стана првата земја која успешно слета вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината.
Оваа азиска земја неочекувано доби шанса со златни букви да ја напише историјата на вселенското истражување, откако Русија во сличен обид во саботата го загуби контактот со леталото Луна 25, а во неделата на 20 август објави дека се урнал на Месечината.
Ова не е прв обид на Индија да слета на Месечината. Најнаселената земја во светот доживеа назадување во 2019 година кога вселенското летало Chandrayaan-2 доживеа проблеми при спуштањето, по што се „удри“ во земјата.