Државјанин на Северна Македонија е уапсен и притворен во Хрватска поради шверц на 25 мигранти, јави Хина.
Тој денеска во близина на Имотски бил запрен од полицијата додека во комбе превезувал 25 странски државјани кои нелегално престојувале во Хрватска.
– Постои основано сомнение дека 51-годишниот од личен интерес им помагал на странски државјани при незаконско движење така што, по претходен договор, ги презел на подрачјето на Имотски, откако нелегално пеш влегле територијата на Хрватска, информира Антонела Лолиќ од сплитската полиција.
Уапсениот 51-годишен македонски државјанин е пренесен во притвор и против него е поднесена кривична пријава.МИА