Малиот Владимир, кој загина кога неговата мајка скокна од вториот кат на мотел во Романија со него и неговиот брат во рацете, во саботата требаше да го прослави својот 2 роденден, пренесува телеграф.рс.
Лекарите се уште се борат за животот на неговиот тригодишен брат Габриел, кој е во тешка состојба во болница, додека неговата мајка (23) по грозоморното злосторство е префрлена во психијатриска установа.
Трагедијата се случила на 20 август околу полноќ во мотел во Ботошани. Неколку часа претходно, мајката дошла во мотелот со момчињата без документи, каде побарала да и дадат соба бидејќи, како што рече, го пропуштила последниот автобус за родниот град.
Околу 23 часот и 30 минути му испратила на сопругот проштална порака, по што ги извадила заспаните деца од кревет и заедно со нив се фрлила низ прозорецот.
Малиот Владимир остана мртов на лице место, неговиот брат Габриел се здоби со повреди опасни по живот, додека неговата мајка некако падна на покривот на првиот кат и остана речиси неповредена.
Додека лекарите од итната помош се обидувале да го оживеат Владимир, а малиот Габриел бил сместен во амбуланта, мајката стоела на телефон и се заканувала дека ќе се самоубие. Драмата траела полни два часа, додека конечно не ја совладале младата жена и ја однеле во психијатриска болница.
Се уште не се познати мотивите на ова страшно злосторство. Во пораката што му ја испратила на сопругот можело да се претпостави дека има проблеми во бракот.
„Ти благодарам што ме натера да направам нешто што воопшто не сакав да го правам. Се надевам дека си среќен што се ослободи од нас и што повеќе не мора да ни испраќаш пари. Разбирам дека ова беше твојата најголема болка. Сакам да ги задржиш сите пари.Се каам за се, и што се омажив за тебе, се… си заминувам од дома. Жал ми е за децата,не се тие криви,но не можам да ги оставам,зашто никој нема да ги сака нив.Се надевам дека си среќна без нас.Збогум!Се обидов да направам се за тебе,за мајка ти,татко ти,за сите.Децата ги оставив без играчки и без облека,земете се вие што на мене гледавте како на дадилка“, наводно напишала во СМС порака што му ја испратила на сопругот пред да ги фрли децата од прозорецот на мотелот.
Сепак, таткото на момчето, кој во моментот на трагедијата бил по бизнис во Букурешт, категорично го негира тоа.
„Секој ден разговаравме, секогаш ја прашував за децата, им испраќав пари. Сите ја сакаа“, вели Александар, таткото на децата.
Вели и дека требало да слави родендени на синовите во наредните денови. Владимир требаше да наполни две години на 26 август, а постариот син на 6 септември.
Александар вели дека за прославата биле купени и балони.
Се надевам дека барем постариот син ќе преживее“, рекол неутешениот татко.