Мачнината, вртоглавицата и повраќањето се само некои од проблемите со кои многумина се соочуваат кога ќе тргнат на пат. За да си го олесните патувањето, постојат природни трикови кои може да ви помогнат.
Задолжително е да одбегнувате тешка храна пред самото патување, но исто така за некои луѓе се препорачува и да не читаат додека патуваат. Освен тоа, избегнувајте силни парфеми.
Ѓумбир
Ако почувствувате мачнина или имате вртоглавица, обидете се да си олесните со ѓумбир. Испијте две лажици ѓумбир со вода (или две парчиња свеж ѓумбир) бидејќи оваа билка ја „впива“ киселината во желудникот и спречува мачнина. Исто така, може да ви биде од помош да земете сок или чај од ѓумбир.
Маслинки и лимон
Изедете неколку маслинки пред патувањето. Тие содржат танин и природно го намалуваат зголеменото лачење плунка. Доколку не ви помогнат и маслинките, земете лимон. Исечете го на парчиња и ставете го во ќеса. Конзумирањето лимон повремено, може да ги намали симптомите на мачнини. Исто така, може да ви помогне и грицкањето крекери.
Моќта на ментолот
Ментол бонбоните исто така може да ви бидат од корист доколку имате мачнини во текот на патувањето.