По пензионерите од другите градови, денес на протест излегоа и пензионерите од Скопје. На протестот беа прчитани барањата за покачување на минималните пензии, а беше упатена и критика кон власта, бидејќи, како што рекоа, функционерите покачувањата нанивните плати го направија брзо, а за пензиите бил долг патот.
-Имаме повеке барања, незадоволството е преголемо. Првото барање е што поскоро да се покачи минималната пензија и да биде на висина на минималната плата. Покачувањата да бидат линеарни, а не процентуални, сите да добијат по 3.500 денари. Да нема разлика. Пензионер е пензионер, не допринесува повеќе и нема потреба да се прави категоризација на покачувањето. Па продавниците се исти за сите, здравствените услуги исти, цените за сите се исти, нема потреба од разлика. Досегашните пензии не задоволуваат ни за едно обично нормално живеење.
Гласот на пензионерите ќе се слушне уште повеќе, неиздржливо е и не може да се живее со толку малку пари. Не можат да си купат лекови, не можат да се прехранат а огромен луксуз е да се појде на одмор. Нивните образложенија дека требало институционално, требало да се почека, не држат. Велат долг бил патот, а за да си изгласаат за нив 78 проценти патот беше краток. Како јапонски воз брзо изгласаа за нивните плати. Е не се издржува повеќе, чашата е прелеана, рекоа на протестот и најавија заеднички протест на сите пензионери од цела држава на 14 овој месец.
Револтот н пензионерите е многу голем, а тоа се виде и по реакцијата на пензионерите, како што рекоа, бараат за да можат да живеат.
-Бараме најмалку 25 илјади денари да биде минималната пензија. Струјата покачена, парното пккачено, вода, телефон се е покачено. За храната да не зборувам. Уште немаме лубеница пробано, а да не зборувам за сирење и кашкавал. Не можеме да си дозволиме да си купиме овошје. На внуците не можеме чоколадо да им купиме. Не може да се издржи месецот, ништо не останува од парите што ги добиваме, вели пензионерката Вера Стојановска со пензија од 12 илјади.