Мајката на трагично загинатиот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, доживеала срцев удар кога дознала дека нејзиниот син е убиен, објави грчкиот „Њузбомб“.
„Срцето на мајката на 29-годишниот Михаило не издржа кога ја слушна трагичната вест“, пишува овој портал.
Таа колабирала кога ја слушнала тажната вест, по што била пренесена во болница.
Оваа страшна вест ја соопштила нивната кума.
Ова е момчето кое е избодено до смрт:
Σήμερα Ελευσίνα μας έχει πένθος για το Μιχάλη
Σήμερα, η Ελευσίνα θρηνεί ένα δικό της παιδί.
Ο Μιχάλης, φίλος της ΑΕΚ είναι ένα ακόμα θύμα της οπαδικής βίας.
Ο φανατισμός και η βία δεν έχουν καμία θέση στα γήπεδα, αλλά ούτε και στην κοινωνία. pic.twitter.com/5nDXqvTrW6
— thekellaki (@TheKellaki) August 8, 2023
Несреќната жена моментално се наоѓа во болница каде се хоспитализирани и повредени навивачите на Динамо.
Кацурис почина од повеќе убодни рани кои ги доби за време на тежок инцидент што го предизвикаа хулиганите на Динамо Загреб во главниот град на Грција, пренесува Јутарњи.
Несреќниот млад човек доцна синоќа бил примен во болница во тешка состојба. Лекарите се бореа за неговиот живот, но тој не можеше да се спаси.
“Навивач на АЕК беше избоден со нож од хулигани на Динамо. Му погодиле артерија на раката, поради што искрварил. Повредата ја предизвикала неговата смрт во болница. Како да не е доволно што паднал 29-годишниот останатите хулигани го газеле и го удирале со стапови во главата додека лежел на земја“, откри грчкиот портал „ЊузИТ“.