Едно лице загина во поплавите во Камник на северот на Словенија за време на невремето што се случи ноќеска и зафати одредени делови од земјата.
Порталот Камник.инфо наведува дека водата однела постар жител во атарот на населбата Бистричице. Во петокот наутро полицијата соопшти дека пред куќа во месноста Камник било пронајдено тело на локален жител, но поради поплавите не можеле да излезат на терен, пренесува курир.рс
Силниот дожд предизвика големи поплави во повеќе делови на Словенија, додека Агенцијата за животна средина (АРСО) алармот го крена на највисоко ниво бидејќи се очекуваат нови врнежи и поплави.
Податоците на АРСО покажуваат дека во делови од Словенија веќе наврнале над 100 милиметри дожд за 24 часа, што е просечната месечна количина на врнежи. Според прогнозата, во сабота ќе продолжи да врне дожд и црвено предупредување е издадено за повеќе делови од земјава бидејќи реките во некои населени места се веќе излеани.
Во Коменда, северно од Љубљана, поради поплавите беше прогласена вонредна состојба, а од луѓето беше побарано да не ги напуштаат своите домови во Камник, каде што се затворени сите градинки бидејќи патиштата се блокирани, пренесе агенцијата СТА.
Луѓето мораа да бидат евакуирани од неколку делови на земјата, вклучувајќи ја долината Личница во општина Медводе северозападно од Љубљана.