Грчката полиција трага по убијците на бизнисменот од Македонија Орхан Бајрами (39), кој синоќа беше брутално ликвидиран во Ханиоти, пишува српскиот портал Ало.
Непознати лица синоќа околу 3 часот и 30 минути упаднале во сместувањето каде Бајрами бил сместен со пријател и испукале повеќе од 20 истрели.
Во нападот бил ранет и Сеад С.(45), кој итно бил пренесен во болница.
Медиумите јавуваат дека напаѓачите носеле фантомки и дека прикрајно влегле во хотелот во кој спиел Бајрами, сопственик на казиното и фабриката за алкохол.
Потоа испукале повеќе од 20 куршуми кон Бајрами и неговиот другар и побегнале. Тие, наводно, избегале со мотор.
Полицијата набрзо била повикана од непознато лице кое кажало дека слушнала врисоци и лелеци. На местото на настанот брзо пристигнале патроли, но Баграини и неговиот пријател веќе биле пренесени во болница. Кај Бајрами набрзо била констатирана смрт, додека лекарите му укажале на Сеад С., но не се знае неговата состојба.
Според грчките медиуми, Бајрами денеска напладне требало да го напушти хотелот на Халкидики.
Мотивот за убиството не е познат.