Извршниот комитет ВМРО-ДПМНЕ одлучил дека повеќе нема да се среќаваат со власта на билатерална основа и ја прекинува официјалната комуникација. Едногласната одлука на ИК ја објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Штип.
– Комуникација со власта немаме, оваа недела имавме седница на Извршниот Комитет на партијата и донесовме едногласна одлука дека како ВМРО-ДПМНЕ ги прекинуваме сите комуникации официјални на билатерално ниво со претставници од владата, истакна Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повеќе нема да се среќаваат на билатерална основа, официјално со претставници од владата.