Сестрата и тетката на убиената Ное Миливојев (18) од Ковиљ, за Курир.рс велат дека била прекрасно суштество кое никому ништо не би направило.
-Монструмот ја маѓепса и владееше со неа! Таа дури и одеше пеш до него, секогаш кога тој ќе и се јави. Трчаше и беше многу заљубена во него, толку многу му веруваше – бесно велат во едно и додаваат:
-Ја навлече и на дрога, ја користеше и правеше што сака со неа. Нашето девојче, слепо му веруваше.
Како што понатаму велат, родителите на Ноа Миливојев се преселиле во Белград.
-Кутри луѓе не можат да си дојдат на себе. Замислете некој да ви го убие детето – велат и додаваат:
-Монструмот ја искасапил. Жива ја исецкал на парчиња! Тоа не е човечко суштество. Замислете колку чудовиште мора да биде.
Ноа има брат близнак кој исто така е потресен од злосторството и убиството на неговата сестра.
Телото на исчезнатата Ноа Миливојев од Ковиљ било пронајдено вчера во стан во центарот на Белград. Несреќната девојка била брутално убиена од нејзиното момче О.Д.(33), кој го признал ова страшно злосторство.
Во текот на вчерашниот ден е уапсен осомничениот О.Д.(33) со кој била во врска, а тој во полиција тврдел дека не се сеќава како ја убил, ниту кога и ја исекол на парчиња и ги ставил во вреќи.
Според пријателите на Ноа, парот бил во врска околу една година. Ја предупредиле да го остави бидејќи виделе дека со неа не се однесува како што треба, дека ја омаловажува и ја исфрла од станот.
Нејзиното семејство не може да се помири со се што и се случи на Ноа, а од неа на социјалните мрежи се прости и нејзината мајка.
-Дете наше, секогаш ќе бидеш со нас – напиша мајката со фотографијата на Ноа и трите срца.