Белиот прав кој беше откриен во Белата куќа при рутинска контрола, а за кој информираа агентите на Тајната служба, се наоѓал во библиотеката на резиденцијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Ова го објави Дејли меил, повикувајќи се на снимка од разговорот на пожарникар од Вашингтон од одделението за опасни матери со диспечерот. Снимката е објавена по пронаоѓањето на супстанцата.
Тајната служба на САД претходно соопшти дека поради сознанијата за белиот прав во неделата вечерта имало безбедносна узбуна и била наредена евакуација, а претседателот Бајден во тој момент не бил во Белата куќа.
Вашингтон пост објави дека пожарникарот кој пристигнал по повикот на агентот на Тајната служба во Белата куќа во 20:49 часот преку радио врска јавил дека ги добил резултатите од тестот.
Hunter is a coke head
Hunter can enter the White House w/ fewer security precautions than other visitors
He just left w/Joe Biden for Camp David this weekend
The coke was found this wknd
Doesn’t take a rocket scientist to figure out what happened here
https://t.co/jTEV4UDzoJ
— DC_Draino (@DC_Draino) July 4, 2023
„Имаше жолта цртичка која означува дека во прашање е кокаин хидрохлорид“, изјавил пожарникарот.
Американските медиуми пренесоа дека кратката снимка на пожарникарот со базата е објавена на веб страницата openmhz.com која на луѓето им овозможува да служаат во живо или да преслушуваат архивирани снимки од разговори меѓу полицијата и пожарникарите за време на интервенциите.
Дејли меил наведува дека откривањето на белиот прав се случило два дена откако синот на Бајден, Хантер ја посетил Белата куќа во петокот. Британскиот таблоид наведува дека ова им го привлеко вниманието на конзервативците кои шпекулираат дека илегалната супстанца е на Хантер, за кого пак Дејли меил тврди дека е „зависник“.
Меѓутоа, се наведува дека библиотеката во Белата куќа се наоѓа на рутата за туристичка обиколка на претседателската резиденција, па таму редовно поминуваат луѓе кои ја посетуваат со помош на водич. Се наведува дека библиотеката се наоѓа два ката под приватните простории на Бајден и неговата сопруга.
Од Тајната служба на САД за Вашингтон пост изјавија дека супстанцата и понатаму ќе биде тестирана за да се дознае за што поточно се работи, додавајќи дека властите истовремено истражуваат како белиот прав завршил во Белата куќа.
Дејли меил наведува дека републиканскиот конгресмен Џим Бенкс кој ја поддржува кандидатурата на поранешниот претседател Доналд Трамп за уште еден мандат, на Твитер напиша дека „кокаин никогаш не е пронајден во Белата куќа за време на мандатот на Трамп“.
Извор: kurir.rs