Поранешниот американски претседател Бил Клинтон за прв пат ја посети Албанија, каде домаќин му беше албанскиот премиер Еди Рама.
Клинтон прво беше пречекан на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, а потоа му беше врачен орденот „Ѕвезда на благодарноста“ за јавни прилози пред зградата на албанската Влада.
Целата церемонија беше замислена како начин да се изрази благодарноста на Албанците до овој американски претседател, па заради таквата атмосфера беа донесени и деца од Косово и Метохија, пренесува ало.рс.
На сцената се појавија деца именувани во чест на Клинтон.
“Јас сум Клинтон од Пеќ. Мојата тетка ми го даде името на вашето семејство за да се заблагодараме за она што го направи за нас, да стекнеме независност и да бидеме демократска земја. Вие сте причината што денес имаме слобода и мир”, рече едно од момчињата.
Другото момче зборуваше со зборовите: „Јас сум Клинтон Бериша, чест ми е што се викам по презимето на вашето семејство“.
Проговори и девојка од Косово и Метохија, која се вика Хилари, по името на сопругата на Клинтон.
Очигледно Клинтон била трогнат од оваа глетка.
„Овој момент ќе остане драгоцен во мојот живот. Отсекогаш сум сакал да дојдам овде“, изјави поранешниот американски претседател пред насобраните.
Потоа раскажал анегдота за настан кој наводно се случил на приватна вечера во Њујорк во време кога тој повеќе не бил претседател на Америка.
„Келнерот дојде да ја земе нарачката, ме виде меѓу гостите, го спушти послужавникот и клекна. Ме погледна и рече, благодарение на тебе, моето семејство е живо“, рекол Клинтон.