Струмичанката Славица Ангелова е победничката во 16-та сезона на „Ѕвезда Гранда“ и освен што се знае дека студира медицина, малку се знае за нејзиниот љубовен живот.
Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по победата призна дека Славица имала емотивни проблеми за време на натпреварот, но и забранил да зборува за нејзиниот љубовен живот.
Како што претходно напиша „Гранд“, Славица за време на натпреварот се зближила со колегата Велсан Зуловиќ од Бијело Поље, а љубовта се разгорела токму на менторските проби.
-Се запознаа на натпреварот, беа на „здраво-здраво“, а се зближија на менторските часови кај Ѓорѓе. Љубовта се запали речиси на прв поглед на пробите, иако се трудат тоа да го скријат од другите. Забележавме дека таму нешто се случува, но тие сепак нема да признаат – изјавил неодамна изворот, пренесува информер.рс.
Потоа зборувал нивниот ментор Ѓорѓе Давид, кој бил многу кус.
-Како дознавте? Апсолутно нема да коментирам за ничиј љубовен живот. На сите им ја посакувам сета среќа и љубов на светот – бил краток Ѓорѓе.