Жена од Чешка на околу 45 години, која била на одмор, пред неколку дена под засега непознати околности починала на плажа на островот Тасос.
Според очевидци, жената паднала на плажата Астридас неколку секунди откако излегла од водата, а на помош веднаш и пришле четворица романски туристи кои повеќе од 30 минути се обидувале да ја реанимираат несреќната жена, пренесува блиц.рс.
Според тамошните медиуми, на брзата помош на Тасос и бил потребен речиси еден час да пристигне на местото на настанот, а кога пристигнале лекарите можеле само да констатираат смрт.
-На местото на настанот е повикан приватен лекар кој констатирал смрт на жената. Телото е пренесено со брза помош и наредена е обдукција – јавуваат локалните медиуми.
Многу странски туристи веќе реагираа на социјалните мрежи за инцидентот и објавија дека имаат приватно осигурување, но тоа е бескорисно бидејќи на овој остров има само една брза помош.
-Многу ми е жал, ова е наша грешка. Сакаме туризам по цени на ниво на Дубаи, а имаме објекти од третиот свет. Жал ми е! Се надевам дека ќе имаме подобри услови – напиша една Гркинка на социјалните мрежи.
Романски туристи на Фејсбук групата „Форум Тасос“ напишале дека жената имала пулс 40 минути, но дека било предоцна кога пристигнала брзата помош.
-Само што со приватна порака ме известија дека лице од Чешка починало на плажа во областа Астрис – напишал еден член на оваа група и додал:
„Повторно ги повикувам локалните и националните власти во Грција, како и во 2021 година, да пружат пристојни медицински услуги на островите полни со туристи. Нереално е дека единствената брза помош на островот пристигнува дури по речиси еден час и само да објави смрт “.
Како што дополнително објасни овој корисник, не знае зошто несреќната жена починала, но додава дека доколку имало друга брза помош во близина – во Потос или Кинира – жената сега би била жива.
Потоа ги замоли сите корисници на Фејсбук групата да се грижат за себе, и да добијат здравствено осигурување.
– Ова е втор смртен случај на турист и четврти смртен случај во Грција од почетокот на јуни поради доцнење на брзата помош – наведуваат од групата.