Во Грција, дури и бебињата морале да нарачаат пијалок ако седнат под лежалката.
Ако им се верува на објавите на Србите на социјалните мрежи, ова правило се вели дека ќе важи од денеска, пренесува српски Курир.
Таа информација ја објави член на Фејсбук групата „Грчка инфо“.
Содржината на огласот ви ја пренесуваме во целост:
-Сакам да ги предупредам сите што одат во Неа Флогита за сопственичката на плажа и слаткарница, дека ако сакате да купите топка сладолед и да го јадете на плажа (во тој случај чини 2 евра), таа не ти дозволува туку инсистира да те послужи на плажа. Тогаш истата топка чини 6,5 евра без претходно предупредување. Кога ќе ја прашаш зошто е таа цена, таа вели затоа што јадеш на плажа. Инаку, од денеска важи правилото дека и бебињата мора да нарачаат пијалоци, колку луѓе и лежалки толку пијалоци кои се поскапи од другите (цеден портокал е 6,5 евра, пиво е 6 евра итн.) И тоа веднаш по пристигнувањето на плажа, не можете да нарачате во текот на денот, мора веднаш. Избегнувајте – наведе овој член во објавата.
Таа не е единствената која имала лошо искуство од ова место …
-Да, го доживеав истото. Нарачката беше 4 колачи. Одлично, сакаш да седнеш. Да.. Седнете, веднаш носи шише вода што се плаќа на крај, а никој не нарачал, стигнуваат колачи и со нив топка и чинија сладолед што никој не ги нарачал. Значи наместо 16 евра, цехот е 29,5 евра. Ок, вредат и колачите и сладоледот, но манипулира…