Кина стана глобална моќ во производството и продажбата на електрични возила.
Но, можеби постои темна страна на нивниот метеорски пораст. Неодамнешното видео открива што наводно направиле кинеските производители на автомобили за да се натпреваруваат за владини субвенции, да соберат капитал и да се искачат на продажната скала.
Снимките од дрон покажуваат огромни полиња исполнети со илјадници напуштени кинески електрични автомобили. Некои од овие електрични возила се чини дека се моделите Geely Kandi K10 EV, Neta V i BYD e3. Овие автомобили биле видени паркирани во една од областите на Хангжу, главниот град на провинцијата Жеџијанг во источна Кина.
Сцената изгледа морничава бидејќи белата боја е извалкана со слоеви прашина, а гумите делумно покриени со трева. Внатре изгледаат сосема ново бидејќи пластичните облоги и седиштата изгледаат чисто.
Исто така, сите тие имаат регистарски таблички!
Јутјуберот Винстон Стерзел, кој ја сподели снимката од дрон, тврди дека кинеските производители на електрични возила регистрираат автомобили и тврдат дека ги продаваат за да покажат добри бројки и да добијат владини субвенции.
South China Morning Post и The Atlantic објавија слични случаи во 2018 година во Шангај, најголемиот град во земјата и глобален финансиски центар, но со велосипеди. Атлантик објави дека откако бизнисот со „споделување велосипеди“ достигна врв во 2017 година во Кина, понудата далеку ја надмина побарувачката. Резултатот беше купишта вишок велосипеди.
Што се однесува до електричните автомобили, во видеото се наведува дека кинеските компании често ги произведуваат лесно, без истражување на пазарот и без да се стремат кон одржливост. Треба да се напомене дека некои од снимките од дрон на видеото се стари повеќе од две години, па не е сосема јасно каква е моменталната состојба на овие „гробишта“ на електрични автомобили и дали некогаш се преземени мерки против производителот од државата, пренесува Јутарњи лист.