Во исчезнатата подморница „Титан“, која со пет лица отишла во експедиција за истражување на потонатиот брод Титаник, на длабочина од околу 3.800 метри во Атлантскиот океан, според странските власти, кислородот останал само за околу два часа. Поточно, денеска во 11 часот по локално време, на петчлената посада ќе им снема кислород, ако се уште се живи, со оглед дека сигнал не даваат веќе три дена.
Сепак, постои навестување дека посадата е жива. Имено, канадскиот авион кој ја бараше исчезнатата подморница во Атлантскиот океан откри повремени звуци на „тропање“ во близина на неговата последна позната локација, соопшти американската крајбрежна стража.
Екипажот што ја бара исчезнатата подморница слушнал удари на секои 30 минути во вторникот и повторно четири часа подоцна во средата, откако беа распоредени дополнителни сонарни уреди. Сепак, американската крајбрежна стража појасни дека „не го знаат изворот на звукот“.
As part of the @CanadianForces's support to the search for a missing submersible, 380 NM south of St. John’s NL, an @ARC_RCAF CP-140 Aurora from 14 Wing Greenwood, NS is providing surface search and sub-surface acoustic detection capabilities. pic.twitter.com/j4fwfwQkki
— Canadian Armed Forces Operations (@CFOperations) June 21, 2023
Тие во кратка изјава на Твитер рекле дека некои од возилата на далечинскиот управувач, вклучен во потрагата, се движеле во обидот да се утврди потеклото на звуците. Тие пребарувањата до сада „дадоа негативни резултати“, но продолжиле, се наведува во сооштението.
Според компанијата, подморницата Титан тргнала за 96 часа, што значело дека кислородот може да го снема утрово. Сепак, ни тоа не е целосно сигурно, како што истакнуваат експертите – снабдувањето со воздух зависи од голем број фактори, меѓу кои и дали подморницата се уште има струја и колку луѓе се уште се на неа, пренесува Б92