Поминаа 111 години од потонувањето на Титаник, а на тој брод, за кој многумина велат дека е проколнат, повторно се случува нова трагедија.
Подморницата со туристи кои го посетуваат бродоломот – исчезна. Сè уште трагаат по него, а не се знае точно колку луѓе има во него и колку кислород се уште имаат.
Сите знаеме за трагедијата што го снајде Титаник ноќта помеѓу 14 и 15 април 1912 година. Бродот потонал на 740 километри од копното, а час и половина по полноќ пристигнал првиот спасувачки брод кој барал знаци на живот меѓу загинатите патници.
Температурата на водата била 2,2 Целзиусови, на која човечкото тело може да преживее само околу 15 минути. Животот го загубиле 1517 луѓе, а најголеми шанси за преживување имале патниците од прва класа: 63 отсто од нив биле спасени. На Титаник имало 20 чамци за спасување кои можеле да примат само околу 1.100 патници – половина од оние кои биле во таа кобна ноќ – но и тоа било во согласност со тогашните законски прописи и се сметало за доволно.
И покрај тоа, само 700 патници успеале да влезат во чамците за спасување; повеќето чамци го напуштале бродот полупразни, а речиси секој имал и понатаму слободни места, пишува 24.сата.хр
Но, што се случи со телата?
Вистината за ова ја кријат тајните телеграми, чии автори верувале дека никогаш нема да станат јавни. Во тие телеграми јасно се гледа дека капетанот на еден од спасувачките бродови, Мекеј-Беннет, сакал да ги извади сите тела од морето. Но, набрзо сфатил дека неговиот брод е премногу мал за 334-те тела што ги пронашле. Тогаш донеле контроверзна одлука – ќе ги исфрлат телата на патниците од најсиромашната, трета класа, за да остават доволно простор за оние од прва и втора класа.
Мислењето на екипажот било дека имаат поголеми права на достоинствен погреб. Од 334 пронајдени тела, дури повеќе од сто биле фрлени од бродот и никогаш повеќе не биле пронајдени во пространствата на Атлантскиот Океан. Вистината за тоа што се случило ја криеле долги тајни телеграми, кои подоцна историчарите ги пронашле во тајни архиви.
Сиромашните останаа на површина
Во првата телеграма, капетанот напишал „Апсолутно мора да ги донесете сите тела што се вклопуваат на чамецот за спасување“. Но, од бродот Мекеј Бенет набрзо одговориле: „Направивме детален попис на сите пари и скапоцености пронајдени со телото. Зарем не би било добро сите тела да се погребаат во морето, освен ако има желба на семејството да ги задржи?”. По кратка преписка било договорено телата на жртвите на посиромашните патници да бидат исфрлени, а посмртните останки на побогатите да им бидат вратени на нивните семејства.
Ужасот пет дена подоцна
Кога пет дена подоцна на местото на трагедијата се приближил бродот СС Бремен, кој пловел од Германија за Америка, патниците на бродот почнале да врескаат. Бремен му се придружил на бродот Карпатија, а нивната мисија била да ги соберат остатоците од телата кои можеле да се најдат. Во далечината можеа да видат бели дамки, кои всушност беа замрзнати тела на мртвите кои сè уште ги носеа своите елеци за спасување.
Денови по потонувањето, целото место се претвори во огромна водена гробница, со густа магла, звук на бранови кои удираат, замрзнати тела и зборови на свештеникот да ги испрати.
„Видовме жена во ноќница со бебе цврсто притиснато на градите“, сведочеше Џоана Стунке, патничка во Бремен. „Имаше и тело на жена која цврсто гушкаше бушаво куче кое личеше на бернардинец. Некои беа облечени за танцување и вечера, некои во ноќници и пижами. Една жена имаше елек за спасување и две деца во рацете. ” Екипажот сето тоа го опиша како „ладно, влажно, мизерно и неутешно“. До крајот на април, комбинацијата на сол и сонце почна да ги уништува појасите и телата почнаа да исчезнуваат во длабочините на океанот. Меѓутоа, во јуни истата година, две тела беа пронајдени како лебдат во океанот. Тоа беа телата на келнерот на бродот и работникот во кујната, пренесува курир.рс.