Новак Ѓоковиќ со неодамнешната победа на Ролан Гарос и официјално стана најдобар тенисер на сите времиња!
Само тој досега успеа да освои 23 грен слем титули, покрај бројните историски моменти во кариерата. Имаше борба, нервоза, тешки моменти, но тој покажа непоколебливост на дело, а токму тоа го издвојува од другите!
Новак на неодамнешната конференција зборуваше токму на таа тема, а во таа прилика откри што консумира на теренот, на паузите од мечот.
„Банани, урми и вода, навистина не ми е јасно, секој натпревар е ист, се договараме, а тие се уште не разбираат. Ми носат јаболко. Какво јаболко, човеку. Потоа наоѓам круша, без урми. Па, ми носат магнети, па секакви работи“, им се насмеа Ноле на насобраните новинари.
Урмите имаат некои прилично импресивни здравствени придобивки. Покрај изобилството на витамини и минерали, тие се богати со антиоксиданси, го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем, го штитат мозокот и срцето, го зголемуваат нивото на енергија и кондиција…
Три урми содржат околу 200 калории, 54 грама јаглени хидрати со околу пет грама влакна, еден грам протеини и без масти. Оваа количина обезбедува и помали количини на широк спектар на хранливи материи, вклучувајќи витамини од групата Б, витамин К, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган, пишува hellomagazin.rs.
Магнезиумот е важен минерал за човечкото тело и мозок. Ја регулира функцијата на мускулите и нервите, нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок. Неопходно е и за синтеза на протеини во телото.
Бакарот, кој се наоѓа и во урмите, му помага на вашето тело да добие доволно железо. Заедно со магнезиумот, му овозможува на телото да формира црвени крвни зрнца. Бакарот им помага и на коските да останат здрави, пишува Азра.ба.
Покрај ова супер овошје, Новак Ѓоковиќ консумира и банани, кои содржат три природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза – и во комбинација со влакна се совршени за моментално зголемување на енергијата. Истражувањата покажаа дека консумирањето на само две банани дневно обезбедува доволно енергија за напорен тренинг од деведесет минути, пренесува курир.рс.