Ученик (13) Г.М. рано изутрината застрелал наставник по англиски јазик во основно училиште во Лукавац, Босна и Херцеговина. Тој е во тешка состојба. Повредениот наставник чии иницијали се О.Н., моментално се наоѓа во операционата сала каде лекарите се борат за неговиот живот.
Полицијата веднаш го уапсила ученикот кој пукал, а кај него бил пронајден пиштол.
Како што дознава Klix.ba, станува збор за ученик на Г.М.(2008) кој нема ни 14 години и кој поради лошо однесување бил префрлен од основно училиште во друго. Утрово ученикот вооружен дошол на училиште и го побарал Н.Е., кому му пукал во глава.
Го ранил во пределот на вратот. Повредениот е пренесен во Клиничкиот центар во Тузла.
Klix.ba пишува дека ученикот пукањето го извршил од одмазда затоа што бил исфрлен од училиште, а своите закани ги најавувал и претходно.
Утрово имало пукање во основното училиште во Лукавац, меѓу повредените нема деца“, потврди градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ. „Ги молам родителите да ја контролираат паниката. Насилникот е малолетно дете и веднаш е уапсен. Тежок ден“, најави Делиќ.
Медиумите јавуваат дека ученикот испукал неколку истрели и дека само по чиста среќа никој друг не бил повреден. Исто така, медиумите во БиХ наведуваат дека е застрелан Недим Османовиќ, кој е внук на потпретседателот на СДА, Фадил Османовиќ.
Ахмед Омеровиќ , министер за образование и наука на кантонот Тузла, рече дека Владата ќе работи на активности поврзани со безбедносната состојба во училиштата.
„Наставата во сите училишта во областа завршува денеска . Ќе чекаме Обвинителството да спроведе истрага, па потоа ќе излеземе во јавноста со повеќе информации“, рече Омеровиќ.
Во разговорот со здружението на педагози и психолози е одлучено тие да се стават на располагање на сите родители и ученици.
Градоначалникот на Лукавац Един Делиќ на прес-конференцијата рече дека сочувствува со семејството на ранетиот.
„Она што можам да го кажам, бидејќи Обвинителството си ја врши работата, малолетникот веднаш бил уапсен. Полицијата конкретно реагираше, за жал, се случи најлошото“, рече Делиќ.
Посочи дека не знаел дека ученикот претходно донел оружје во училиште, но знаел дека на ученикот му е изречена дисциплинска мерка.