Пејачката Дани Димитровска вчера го промовираше најновиот сингл „Има љубов во нас“ од нејзиниот нов албум.
-Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубовта е лекот. Секој сам може да им стави крај на војните во себе, да биде лек за овој свет и секогаш свесен дека има љубов во нас. Ние сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов, вели Дани за својот најнов сингл, соопштуваат организаторите на настанот.
Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов. Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Вучидолова е асистент режисер.
– „Има љубов во нас” е повик и потсетување. Вистината која сјае во сите детски очи, која, како растеме, ја потрупуваме со стравови и ставови, интелектуални анализи и прагматични одговори. Љубовта е свеста и единствената причина што постоиме. Кога се губиме, насока да се пронајдеме. Сите сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов – изјави Весна Малинова.
Дани Димитровска е рок амбасадор на нашата земја веќе 25 години и зад себе има три албуми, бројни награди и признанија, успешни настапи и концерти.