Многумина тврдат дека бубачките се проблем во речиси секој хотел и советуваат да не ги ставате чантите на креветите и да ги тресете чаршафите веднаш штом ќе стигнете во собата.
– Никогаш не верувајте дека чашите во вашите хотелски соби се чисти измиени. Собарките имаат многу работа и малку време, а често се случува да ги избришат чашите со истата крпа со која ја бришат бањата. На крајот на краиштата, нивната цел е на крајот собата само да изгледа чисто – напиша еден маж во објавата на Редит.
– Работев во едно од најексклузивните одморалишта во светот и период од околу една година воопшто не ги миевме чашите во собите, туку само ги бришевме – додал друг.
Еден процени дека во околу 40 отсто од креветите во хотелите каде што работел, некој починал.
– Во некои хотели постои реална шанса некој да умре во вашиот кревет. Секако, зависи за каков хотел се работи и каква клиентела има, но кај некои има барем по еден смртен случај неделно. Не се работи за тоа дека хотелите се опасни, туку за стари и болни луѓе – рече тој.
Еден рече дека никогаш не видел собарка да краде нешто.
– Сите секогаш ги обвинуваат собарките кога нешто недостасува, но тие работи секогаш ги наоѓаме подоцна. Нема шанси да ги ризикуваат своите работни места поради користен iPad или нешто слично. Оние со бакшиш прават многу пристојни пари, објасни тој.
Многумина напишаа дека бубачките се проблем речиси во секој хотел и советуваа да не ги ставате чантите на креветите и да ги тресете чаршафите штом ќе стигнете во собата.
Исто така, се покажа дека многу гости на хотелот очекуваат жените и девојките, кои работат таму, да работат како проститутки.
-Имаше мажи кои директно ме прашуваа додека ја чистев собата или силно алудираа на такво нешто и очекуваа да дојдам во нивната соба по мојата смена – пишувало во една од објавите.
Многумина велеа дека никогаш не сакате да знаете кој бил во собата пред вас, пишува Daily Mail .