Клиничката болница Жан Митрев соопшти дека Основниот кривичен суд потврдил дека нема никакви пропусти во работењето Клиниката. Во информацијата до јавноста, од Клиниката соопштуваат дека обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци во работата на Клиниката Жан Митрев се покажале како неосновани.
-Во пресудата се потенцира дека нема докази за направен прекршок. Според овој заклучок Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за клиничката болница и за доктор Жан Митрев во предметот со МАЛМЕД, соопштува Клиниката.
Ослободителната пресуда за Клиничката болница Жан Митрев е потврда дека и во најтешките периоди работело според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот.
Од оваа здравствена установа велат дека ова е само еден чекор кон целосно докажување на вистината и фактичката состојба за нашата работа и тоа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев е направено во интерес на пациентите и согласно етаблирани методи и стандарди при лекувањето.
комерцијална објава