Во нападите на руската војска во Киев рано изутрината загинаа три лица – 11-годишно девојче и нејзината 33-годишна мајка и уште една жена. Има и 14 повредени, од кои едно дете.
Сопругот на една од жените кои загинаа како последица на паѓање на делови од руска ракета во областа Деснијан во Киев, за „ Суспилно “ раскажа како се случило тоа.
Мажот во плач раскажува дека неговата сопруга, како и луѓето копи биле повредени настрадале бидејќи не можеле да стигнат до засолништето.
„Имаше тревога, луѓето трчаа кон засолништето. А засолништето едноставно не беше отворено, тоа е се’. Луѓето тропаа долго време, таму имаше жени и деца, но никој не го отвори засолништето“, изјави човекот.
Тој бил таму со сопругата и детето. Додека тој трчал назад да бара некој што може да го отвори засолништето, дел од проектил полетал во областа каде што се наоѓало неговото семејство. Детето не е повредено, но жената починала.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека специјалисти отишле во поликлиниката во областа Деснијан за да откријат зошто нема пристап до засолништето во поликлиниката.
„Одговорноста за работата на засолништето е на раководителот на здравствената установа и началникот на округот, кои мора да ја следат работата на засолништата кои се наоѓаат на картата на градот и мора да работат“, се вели во пораката.
Познато е и дека таму загинале 11-годишно девојче и нејзината 33-годишна мајка.
Според последните податоци, три лица загинаа како резултат на рускиот напад на главниот град . Во окрузите Днипро и Десњан се повредени 14 лица, од кои 9 се хоспитализирани.
Ноќта на 1 јуни, руските сили истрелаа балистички и крстаречки ракети кон Киев. Силите за воздушна одбрана на Украина соопшти дека ги собориле сите 10 руски ракети – седум балистички ракети Искандер-М и три крстосувачки ракети Искандер-К.
извор: Канал5 Киев