Дарко Гроздановски вчера ја објави својата најнова песна…
Таа носи наслов „Трач“, а за потребите на истата, Дарко и неговата екипа снимија и доста интересен видеоспот, во кој се појавуват повеќе статисти.
Дарко е автор и на неговата песна, односно тој го направи и текстот, музиката и аранжманот.
„Се потрудив да создадам нешто поразлично од тоа што имаме прикика да гледаме на нашата естрада. Не велам дека тоа што моите колеги го создаваат не е добро, напротив, имаме премногу квалитетна музика, но ете, сакав да бидам барем малку поразличен. Се надевам ќе и се допадне на публиката, тоа ми е најважно“ – вели Гроздановски.