Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС остануваат непроменети.
Со новите цени, од ноќеска на полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,433 (денари/килограм).