Германската компанија Дојче Бан вчера понуди зголемување на платите на вработените, во обид да спречи нови штрајкови, пренесе Ројтерс.
Понуденото зголемување е до 12 отсто, со посебна доплата од 2.850 евра, за да се ублажи ефектот од зголемената инфлација врз платите на вработените во тој железнички оператор.
Зголемувањето на платите треба да се спроведе во текот на 24 месеци. Понудата дава 12 отсто за најниско платените работници, а 10 и 8 отсто за вработените со повисоки плати, се вели во огласот.
Германскиот железнички синдикат ЕВГ истакна дека следната недела ќе одговори на понудата, но дотогаш нема да преземе ништо. Во изминатиот период ЕВГ организираше штрајкови кои предизвикаа бројни нарушувања во сообраќајот.
Агенцијата забележува дека синдикатот, кој во своето членство има 180.000 вработени во Дојче Бан, претходно побарал зголемување на платата за 12 отсто или најмалку дополнителни 650 евра месечно.
Дојче банк тогаш презентираше понуда за зголемување на платите од 10 отсто за послабо платените работници и осум отсто за оние со повисоки плати, вклучително и постепено зголемување.
извор: AJB